Преспа со повисок водостој, но се уште без концесионер за рибниот фонд

Врнежите на снег во овие два месеца, ја подобрија хидролошката состојба на Преспанското езеро и денеска при нашата посета, според мерните показатели, нивото на водата е зголемено за тресет сантиметри од последната најниска кота. Сега, останува да се види како ќе профункционира Акцискиот план на експертите со краткорочни и долгорочни мерки, што Владата го прифати и на Општината Ресен и додели 83 милиони денари за негова реализација.

  • Имаме краткорочни  и долгорочни мерки што треба да се реализираат во регионот за надминување на одредени негативни појави што го следеа Преспанското езеро во последниот период. Веруваме ние и експертската јавност дека со реализација на тие мерки, ќе имаме подобрување на вкупната состојба- рече Ајман Ајмала, раководител за животна средина во општината Ресен.

Но, според приоритетите, најголемите зафати ќе бидат сосредоточени кон чистење на плажите, што ќе ги задоволи еколошките аспекти, меѓутоа далеку ќе бидат од хиролошките кои би го зголемиле протокот на вода. На тоа реагираат овоштарите.

  • После секој реализиран проект во минатото состојбата со езерото стануваше с`е поалармантна и полоша. Како дела од овој проект, ние како овоштари и како земјоделци сме заинтересирани да исчиститат сите водотеци и реки, за да може да се одводнат оние површини кои се под насади и водата од речните корита да се влева во езерото- рече Стево  Радевски од Царев двор. – Доколку е исчистена реката, ќе има подобар тек на водата и ќе нама заджување на водата во полето, туку ќе оди во езерото- рече Никола Петревски од с. Езерани.

Покрај се ова, езерото и после  четири месеци е без концесионер и нема кој да се грижи за рибниот фонд.

  • Надлежно е Министерството за земјоделие. Тие спремаат чпостапка која е во тек, единствено од е забележано до минкистерството строго да се контролираат заштитените подрачја што ние ги управуваме- рече градоначалникот Живко Гошаревски.

Зошто овој проблем во ресорот земјоделие се става под тепих, барем засега е нејасно, особено што на министерот кој живее до самото езеро, работите му се случуваат пред очи.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста