Премиерот и претседателот само со порака на Фејсбук за денот на раѓањето на Гоце Делчев, Џамбаски му порача на Заев дека револуционерната организација е бугарска

Државниот врв не положи цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев по повод 149 годишнината од неговото раѓање.Пораките на премиерот Заев и претседателот Пендаровски за ликот и делото на револуционерот главно се сконцентрираа на Фејсбук. Собранието беше претставено од делегација предводена од потпретседателот Горан Мисовски, а владин претставник на гробот на великанот беше заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски.

Заев на Фејсбук напиша дека 4 февруари е ден на раѓањето на инспираторот на македонското револуционерно дело.

“Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност”, вели Заев.

Сепак на неговиот Фејсбук статус во коментар се јави и бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Со став дека македонската револуционерна организација е бугарска. И дека нејзиното прво име е Бугарски македонско одрински револуционерни комитети. На вкавите провоклации Заев барем засега не чувствуваше потреба да возврати.

На Џамбаски му возврти Мицкоски. Првиот опозиционер му порача дека ВМРО е македонија, Гоце Делчев е Македонец и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја. Тоа пак беше причина за нов коментар од европратеникот.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пак се надева дека Скопје и Софија заеднички ќе ја прослават 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

“Се надевам дека ќе имаме мудрост да ја прославиме 150-годишнината заедно и обединети на патот на европската интеграција”, напиша Борисов на Фејсбук.

Со куса порака од неколку реда на социјалните мрежи се јави претседателот Пендаровски.

 Цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас положи и делегација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Мисајловски и генералнуиот секретар Сајкоски.

Лидерот Мицкоски пак на Фејбук напиша дека идеалот и делото на апостолот на ВМРО, Гоце делчев отсекогаш претставувало инспирација за македонскиот патриотизам.

Почит на гробот на великанот му оддадоа и студенти и професори од Институтот за национална историја.

Инаку 149 годишнината од раѓањето на револуционерот Македонија го прославува во услови на негов оспорен идентитет од источниот сосед. Токму ова беше причина на последниот состанок во Скопје на мешовитата комисија за историја да не постигне договор за ова клучно прашање.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста