Предновогодишно Скопје – како пулсира метрополата во услови на рестрикции и пандемија

Да ја заборавиме оваа лоша година и следната да ја дочекаме здрави – со вакви желби граѓаните ќе ја испратат старата година, а новата, поради стравот од корона пандемијата ќе ја дочекаат дома во кругот на најтесното семејство. 

На градскиот плоштад во Скопје денеска ништо не навестуваше дека новата година е на прагот. Без традиционалниот дочек на Дедо Мраз и без пакетчиња за дечињата, со по некоја тезга за новогодишни украси, балони, но и неколку штандови на фото студијата каде дечињата сепак имаа можност да се сликаат со Дедо Мраз и со омилените ликови од цртаните филмови.

Традиционалниот дочек на Новата година во организација на Градот Скопје, поради корона кризата годинава нема да се одржи. 

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста