Мирна ноќ за дежурните екипи во Клиничкиот центар, најмногу тинејџери завршиле пијани на Токсикологија

16 годишен тинејџер бил најмладиот пациент што побарал лекарска помош на Клиниката за токсикологија за време на новогодишната ноќ. Вкупно 10 пациенти биле примени со алкохолно труење, од нив дури пет девојчиња.

„Од тие пет жени, пет мажи. Од сите десет, шест беа малолетници. Исто беа третирани и пуштени дома. Една имаше акутна со наркотици, од друг град, исто беше пуштена дома“, вели директорот на Токсикологија.

Мирна ноќ имале и докторите во ковид центрите. Велат бројот на пациенти кои бараат итна медицинска помош поради компликации од крона вирусот се намалува.  На Инфективната клиника во моментов имале најмал број пациенти откако почна вториот бран.

„На Клиниката утрово се вкупно 122 хоспитализирани пациенти, стотина се со тешка клиничка слика, десет се на неинванзивна вентилација, најголем дел од нив на поддршка со висока концентрација на кислород“, вели доктор Милена Стевановиќ.

„Во ковис центрите на Интерните клиники вчера вечер имаше само три приеми, немаше починати. Вкупно имаме 104 празни кревети, од вкупен капацитет од 220 кревети“, рече доктор Дејан Докиќ.

Мирна ноќ и во Итната медицинска помош. Вкупно 42 интервенции имале лекарите во текот на вчерашниот ден, што според надлежните било помалку споредено со претходните години. 

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста