Пречекот на Петровска во Британија со „Јовано, Јованке„ предизвика бура од негодување во јавноста

Пречекот на министерката за одбрана Славјанка Петровска во Лондон ги разгори социјалните мрежи. Бројни реакции следуваа откако за време на смотрата која според дипломатскиот протокол треба да биде пропратена со чекорница или марш, беше отсвирена песната „Јовано, Јованке“, што досега не било случај со други делегации.

Иако британската гарда и укажа голема чест на министерката и поздравното обраќање беше кажано на македонски јазик што е почит кон земјата гостин , сепак поранешни амбасадори на Македонија бурно реагираат дека во случајов најверојатно станува збор пропуст на македонскиот протокол кој не бил усогласен. Дополнително проблем претставува и моментот што додека од видео материјалите, не се гледа дали воопшто е интонирана македонската химна, која треба да се интонира додека гостинката е на подиумот и ја слуша во став мирно. Познавачите велат дека проблемот во случајов не е кај Британците, тие со речиси сто процентна сигурност ја отсвиреле и државната химна. Проблемот е во владиниот протокол во Македонија кој во јавноста пуштил видео од кое се гледа само изведбата на Јовано Јованке, а изведбата на химната е исечена… Министерката пак гордо се пофали дека огромна била честа кога во Лондон те пречекуваат со „Јовано, Јованке“…

На социјалните мрежи пак бројни се коментарите дека ова е срам за државата…-Дали на Славјанка навистина и ја свиреле Јовано, Јованке на официјален прием во Лондон? Кажете ми дека е зафрканција, бидејќи ако е ова вистина имаме проблем!…Славјанка, наместо со химна, ја дочекале со народна песна. Токму како за вазалска територија, колонија, се’ си е на место….Петровска во Лондон, Велика Британија денес беше пречекана со песната “Јовано Јованке”. Срам за државата, понижување за народот, се дел од коментарите.

Инаку, Петровска беше во официјална посета на Обединетото Кралство, каде се сретна со британскиот државен секретар за одбрана Бен Валас.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста