Пожарникар од Струга кој е дијабетичар ја тужи Општината и Против Пожарната единица зошто не го ослободиле од работа

Струшкиот пожарникар Иво Докоски кој зад себе има 42 годишен бенефициран работен стаж,во борба со пламените јазици,не штедејќи се себе си, спасил многу животи,но сега во услови на коронавирус ја бие битката за сопственот живот. Тој иако боледува од дијабетес тип 1, од Територијалната противпожарна единица на Општина  Струга не го ослободуваат од извржување на работни обрски,иако тоа му следува согласно одлуката на Влада.Во мерките за спечување и сузбивање на коронавирусот стои и препораката дека лицата заболени од дијабетес со потврда од матичен лекар треба да бидат ослободени од работа,но се’ чини дека ова за Докоски не важи.

Одиме на интевенции,недај Боже ние не знаеме кој граѓанин е носител на вирусот или не.Што е најтрагично, во периодот од 30-ти до денеска, се разболе колега наш.Мене никој нити ме повика да направам тест ,можеби немам температура, немам болки во градиве,ама што знам јас дали сум позитивен или негативен.

Докоски од почетокот на пандемијата се одбратил до Општина Струга,ја информирал и трудовата инспекција,случајот го пријавил и во МВР и бидејќи не наишол на слух, единствено му останало да поднесе кривична пријава до ОЈО Струга против општината и притивпожарната единица.

Морав да поднесам во Јавно обвинителство да видам дали јас сум во право или институцијава е во право,или државава е во право, никој не ми одговара.Секој доктор што го прашав и во Медицинскиот центар и матичниот лекар што ми ја издаде таа потврда сите ми велат седи дома,седи човек дома да не си направиш некои компликации.Ама како  да седам дома, ако 3 дена не одам на работа ќе ме избркаат од на работа.

-Ако овие вонредни околности не важат за мене, како може комантирот на противпожарната единица, во време на паднемија да дава годишни одмори на вработените колеги кои што немаат никаков здравствен проблем,прашува Докоски.

-Јас не сум тој што ги изготвува решенијата за ослободување од работа,јас сум тука само да ги спроведувам насоките според кои вработените во Полиција, Здравство, АРМ,Царина,Одбрана и Пожарна се изземаат од одлуката за ослободување од работа-вели командирот на струшката пожарна Ристе Талевски. Пожарникарот Докоски, вели треба да се обрати во Секторот за човечки ресурси во општината,тие да одлучат дали му следува ослободување од работа бидејќи боледува од дијабетес.

Ете затоа вели 56 годишниот пожарникар Докоски кој 30 години боледува од дијабетес поднесов кривична пријава притов моите прептоставени и општината, оти препораките на Комисијата за заразни болести, ги толкуваат како што ним им одговара.

Росица Голабоска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста