Светските експерти најавуваат дека престојнава зима не очекува, нов, уште посилен корона бран

Европските земји мора да се подготват за втор смртоносен  бран на коронавирус затоа што пандемијата не е завршена предупредува д-р Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација во Европа. Клуге ги предупреди земјите што започнаа да ги олеснуваат  ограничувања, дека сега е „време да се подготват, а не да слават“.

Клуге истакнува дека намалувањето на бројот на смртни случаи од КОВИД-19 во Велика Британија, Италија и Франција не значи крај на пандемијата. Епицентарот на епидемијата сега е појава на исток односно во Русија, Украина, Белорусија и Казахстан каде има зголемување на бројот на инфицирани од вирусот изјави претставникот на СЗО.

  •  Државите треба да го искористат ова време мудро и да почнат да ги зајакнуваат системите за јавно здравје, како и да градат капацитети во болници, одделенија за итни случаи и интензивна нега. Сингапур и Јапонија сфатија рано дека ова не е време за славење, туку време за подготовка. Скандинавските земји го прават истото – тие не исклучуваат втор бран, но се надеваат дека тој ќе биде локализиран и тие ќе можат брзо да го надминат, изјави д-р Ханс Клуге .

Клуге предупреди дека вториот бран може да се совпадне со појава и на други заразни болести. „Јас сум многу загрижен за можноста за двоен бран – наесен може да имаме втор бран на Ковид-19 и друг сезонски грип или сипаници. Пред две години имавме 500.000 деца кои немале своја прва вакцина против сипаници“ додаде Клуге.

На почетокот на овој месец населението во Шпанија излезе од своите домови по седум недели, а во некои делови на Германија се отворија дел од рестораните. Во Франција пак луѓето излегуваат од дома без дозволи. Но за Клуге се додека сме во отсуство на ефикасно лекување на вирусот или вакцина, секоја блокада мора да биде придружена со строги мерки.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста