Повеќе од 24 часа матичните доктори немале пристап до системот за издавање на рецепти – пациентите лековите ги купувале приватно

Нови проблеми среде пандемија – илјадници пациенти со хронични болести останале без терапија оти системот за издавање на рецепти крахирал. Матични доктори реагираа дека повеќе од 24 часа не можеле да препишат терапија за своите пациенти бидејќи системот „Мој Термин“ не можел барањето да го проследи до Фондот за здравствено осигурување. Поради ова, голем број пациенти биле принудени лаковите да си ги купат приватно.

„Имаше прекин во целокупната системска активност во примарното здрвство, така да пациентите кои што останаа без таблетки мораа да си купат. Или ги упатувавме од аптека да им дадат, бидејќи најголем дел од пациентите имаат одредена аптека од каде што подигаат терапија, па веќе работи и моментот на доверба“, вели доктор Лилија Чолакова Дервишова.

„Замоливме многу пати, се што прават, надоградби на софтвер, промени во тие програми, да се прават во време на викенд кога матичните доктори не работат. Или ние навреме да бидеме известени, да можеме ние да го известиме пациентот колку време ќе трае дефектот“, додава таа.

Од ФЗО, пак велат оти проблемот се јавил во системот „Мој термин“, но веќе бил надминат. Пациентите бурно реагираат, оти плаќаат здравствени услуги, а некогаш со часови чекаат да добијат рецепт или термин за преглед, бидејќи системот често се блокира. Докторите признаваат, пртоблеми со здравствениот софтвер имало често.

Матичните се бесни што државата постојано им наметнува нови задолжанија, а притоа во цела пандемија не ги почасти нути денар. Ново оптоварувување за докторите од примарното здравство е обврската да издаваат ковид сертификати за вакцинираните граѓани. Бараат сертификатите да се издаваат на вакциналните пунктови, а матичните доктори наместо да губат време на непотребна документација, да добијат повеќе време за своите пациенти.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста