Поранешната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Таа функцијата во министерството за финансии ја извршуваше од јануари до јули.

Димитриеска Кочоска е Магистер по економски науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со оваа компанија управуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар Белград, а лиценцирана од CA Akademie AG.

-Ми претставува особена чест што од денеска токму јас сум дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Посебна одговорност е ваквата доверба која ми ја укажа претседателот Христијан Мицкоски, а ја поддржа и потврди Централниот комитет на партијата.

Работевме и ќе продолжиме да работиме во насока на подобрување на севкупните општествени текови. Нашата борба не застанала, туку напротив, од сега уште посилно ќе продолжи со една мисла, со една цел, а таа е јасна: Да ставиме крај на ова мафијашко владеење и да си ја земеме Македонија во свои раце.

Македонија е наш дом, наша светлина и за неа вреди секоја борба и жртва“, се вели во објавата на Гордана Димитриеска Кочоска синоќа на Фејсбук.

https://www.facebook.com/GordanaDimitrieskaKochoska/posts/199499001565524
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста