Поповите од охридската црква го повлекоа повикот за собирање на Велигден

Повикаа на масовен јавен собир па се премислија. Притисоците од јавноста ги натераа свештените лица да го повлечат повикот за богослужба за Велигден.

На официјалната страница на црквата Света Троица од Охрид беше објавен повик до верниците на 18ти април да присуствуваат на молитва и причест по повод најголемиот христијански празник. Во повикот стоеше:

„ На ден 18.04.2020 година во 23:30 часот да бидите сите во Црквите во вашата парохија и во 00:00 да го дочекаме Христовото Воскресение како што ни доликува со молитва и со причестна. А не по балкони, и по дворови. “ – стои во повикот на црквата.

Отец Ромео Петровски од Црквата Света Троица, убедува „дека се работело за мало невнимание“ кое всушност предизвика лавина негативни реакции и осуди од јавноста.

МПЦ се огради од повикот за собирање на Велигден. Од таму велат дека храмовите за лична молитва на верниците, ќе бидат отворени, но притоа се апелира одговорно да се почитуваат мерките.

„Светите литургии и сите богослужби да се одржуваат со неколкумина сослужители, со најмногу петмина верници, водејќи грижа да не се наруши веќе наложената мерка за јавен собир “ – велат од МПЦ.

Посочуваат дека погребите треба да се извршуваат на отворен простор, а крштевките, доколку е неопходно, во кругот на најтесното семејство.

Дејан Трендов

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста