Поништени пет наредби на Тошковски, немале потпис и од Бојмацалиев, минстерот реагира: „Срамна и незаконска е одлуката на Владата“

Поништени пет наредби на Тошковски, немале потпис и од Бојмацалиев, минстерот реагира: „Срамна и незаконска е одлуката на Владата“

Владата, како второстепен орган поништи пет наредби на министерот Тошковски, бидејќи биле со едностран потпис. Станува збор за кадровски прераспоредување во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност.

Актите биле прогласени за ништовни по укажување на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, дека со едностран потпис, само од страна на министерот, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања, а Тошковски немал зелено светло, потпис и од Бојмацалиев.

Со реакција излезе министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој за „Република“ вели дека ова е срамна и  незаконита  одлуката на Владата и оти ови пет наредби не се однесуваат во делотворот на потребата од врзан потпис според Законот на влада, туку се однсуваат на редовно работење.

„Едната наредба е за упатување на лице во управните служби која треба во Ново село да врши фотографирање на граѓаните за да добиат право на лични документи. Останатите четири наредби се однесуваат на четворица од мојот кабинат на кои јас им давам одлуки за постапување“, објасни Тошковски за „Република“.

Но, овие наредби Владата ги прогласи за ништовни, за што министерот смета дека е направено незаконски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста