Која е Гордана Силјановска- Давкова ?

Која е Гордана Силјановска- Давкова ?

Максимално посветена на правните науки, чувар на Уставот и законите со нејзината експертиза, еден од најгласните пратеници – која е првата жена претседател на Македонија? Гордана Силјаноска Давкова е родена во Охрид на 11-ти мај 1953 година, мажена и мајка на две деца. Позади себе има широка биографија проткаена со обемен ангажман како општествено – политички чинител .Таа е редовна професорка во пензија  по уставно право и политички систем, а основно, средно и високо образование завршила во Скопје, а докторира на правниот факултет во Љубљана. Нејзиниот општествен ангажман опфаќа значајни позиции. Во стариот пратенички состав беше еден од нагласните говорници и со факти и аргументи ги побиваше погрешните политики на власта.

 Ова мене ми личи на преудицирана амнестија за потенцијалните сторители, можеби нивните имиња и презимиња не ги знаеме, меѓутоа областите каде што се случуваат овие кривични дела, институциите фондовите итн. секој ден ги слушаме, иако веќе не можеме да ги запомнеме колешке, се срамам што сум правничка, изјави Силјановска Давкова во собранието при расправата за измените на кривичниот законик.

Кариерата во Собранието ја започнува во 90-тите. Беше член на уставната комисија од 1991 до 1992 година, а до 1994 беше министерка без ресор во Владата. Од 1999 до 2002 претседателствува со македонскиот национален комитет за родова еднаквост,

Таа е експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа, а исто така член е и на Венецијанската комисија. Во нејзината богата  биографија се впишува дека е и еден од основачите на институтот евро-балкан.

Нејзините коментари околу актуелните случувања во државата секогаш се потпираа на правото. Критичар беше на промената на името со неуспешен референдум со што се прекрши волјата на граѓаните

 Уставот беше сменет наспроти неуспешниот референдум. И каков сакаат нека го именуваат референдумот, задолжителен, консултативен. Иако е многу чудно да ме консултирате откако ќе постигнете некаков договор. Мора да знаеме дека тој не успеа, изјави  во едно  гостување во емисија на Алфа, професорката Гордана Силјановска Давкова.

Инаку новиот претседател на Македонија во вила Водно ги носи и многуте награди вклучително и за придонес кон владеење на правото од мисијата на ОБСЕ во Скопје. Гордана Силјаноска Давкова е автор или коавтор на повеќе од 200 наслови од областа на правото, политичкиот систем и уставното право. Во политичката биографија запишува и дека во 2019 година беше кандидат за претседател поддржана од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, а на предвремените парламентарни избори во 2020 година, беше носителка на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ И коалицијата во изборна единица 1.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )