Полицијата ќе фотографира граѓани на улица и ќе казнува за неносење маски

Задолжителното носење заштитна маска, марама или шал за да се покријат устата и носот, за граѓаните на Прилеп, Куманово и Тетово, од среда ќе го контролира полицијата. Граѓаните на овие три града ако не ја почитуваат обврската, на почетокот ќе добиваат само опомени, а потоа ќе следуваат и казни.

  • „Ако дојде до изрекување казна, полицијата ќе има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна. Целта е да не се даде можност за казни без покритие“ велат од Владата.

Ова било начин меките мерки да се зајакнеле за да не биле рестриктивни и остри.

  • „Тоа ќе се одвива во неколку фази. Во првата фаза ќе се намали времетраењето на полицискиот час, но задолжително сите ќе мора да носиме маски/марами, а остануваат и мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од 2 метри“,пишува Коста Петров.

Мерките се неприфатливи за градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Таа изјави дека кризниот штаб, ќе бара од Владата носењето маски да биде задолжително само во затворени простории. Што се однесува до купувањето на маските, Арифи вели дека ќе бараат помош по потреба.

  • Ние сме во редовна комуникација со владините власти, ќе ја споменеме оваа загриженост таму и ќе го дадеме нашето објаснување. Барањето ќе биде главно дека мерките за заштита да се однесуваат на затворени простории, додека надвор да биде како и досега. Доколку одлуката остане иста без подобрување, ние ќе бараме да се обезбеди потребната сума за купување за граѓаните – рече Теута Арифи.

Во уредбата со законска сила што треба да ја донесе Министерството за здравство по извесен период оваа обврска треба да важи и за целата територијата на државата. Во меѓувреме останува проблемот со високите цени на маските. . На пример секое четиричлено семејство месечно, треба од одвои од својот буџет по најмалку 6.000 денари за заштитни маски и ракавици. Останува и вториот проблем колку аптеките се снабдени со маски и ракавици.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста