По Гинекологија, пандемијата се заканува да ја парализира и Брзата помош во Штип

Цела една смена од штипската Брза помош заминува во самоизолација, откако нивни колега е позитивен на корона вирусот.Дополнително се анализира дали и некој од пациентите на кои во неделата  им била пружена здравствена заштита ќе бидат во самоизолација, информираат од штипскиот Центар за јавно здравје.. Епидемиолозите утврдуваат како се инфицирал докторот

Регистриран е и еден случај на заболен од ковид во кожарската индустрија. Сите контакти во производствениот капацитет се изолирани. Засега нема најава за затврање на фабриката, информира штипскиот градоначалник.

Од вчера пократки за  шест здравствени работници е и   Гинекологија и акушерство и Неонаталогија во штипската болница. Тие се мо самоизолација откако нивна колешка со која во неделата биле на работа , а наредниот ден развила симптоми, е позитивна на корона.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста