По 85 часовниот полициски час, гужви пред банките, но не како до сега

Врнежливото време најверојатно е главната причина за намалување на турканиците пред банките, но и пред поголемите маркети. По 85 часовниот полициски час гужви има, но не како деновиве, каде можеше да се забележи вистински хаос. Но, денеска сликата е малку поразлична, нервоза има, но најверојатно поради дождот кој речиси цело утро непречено врнеше.

Метеж има, но може да се забележи благо растеретување, благодарение на обезбедувањето кои правеше ред.

Алфа направи обиколка низ Скопје. Сликата не беше секаде иста. Најголеми гужви имаше само во Влае, каде од околните населби граѓаните побрзаа да патат по некоја сметка, но и кредит.

Во ред чекаа главно повозрасните. Тие пред камерата на Алфа велат дека по сабајлечки на време чекаат да стигнат на ред. Полицискиот час, велат, го издржале некако.

Ништо не е поразлична сликата и пред поголемите маркети. И таму има редици, но без нервоза како пред банките.

Возрасните граѓани над 65 години ќе може да излезат од дома од 10, до 12 часот на пладне, а за младите до 18 години од 12 до 14 часот, а за викенд и натаму важи целосната забрана за движење.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста