Cosmo TINEX го донесе брендот Lady B во Македонија

Cosmo TINEX го донесе брендот Lady B во Македонија

Cosmo TINEX e првата дрогерија во нашата земја која веќе 15г е лидер и претпознатил бренд за квалитет, која се уште го држи приматот за лидер на пазарот а тоа го докажа денеска, четврток (16.11.2023) во пријатниот амбиент на хотел Queen’s каде беше претставена новата колекција на брендот Lady B. Lady B е компанија која е препознатлива за фамилијата Живојиновиќ од Белград, Србија која е создадена минатата година.

Музичката ѕвезда Лепа Брена ги претстави најновите производи за зима-пролет 2024 година од веќе добро прочуениот бренд Lady B. Хулахопките од омилената колекција Celebrity, омилена на сите, може да ги најдете во сите продажни места на Cosmo TINEX низ нашата земја. Компанијата Lady B постои веќе една година и за тој период стана лидер на пазарот во продажба на премиум хулахопки, па се прошири и во Регионов. Производите од нивната нова линија „Lady B Innovation“ се состојат од три колекции: „ FIR“, „Magic“ и „Fly“.

Линијата „Magic“ ве враќа во минатото, а е составемна од наночестички од злато и хијалуронска киселина, втората линија „Fly“ е наменета за стјуардеси и погодна е за секакви видови на патување затоа што има масажери на стапалата, а со самото тоа е наменета и за жени кои стојат долго на нозе. Заради подобрувањето на циркулацијата дава медицински ефекти кога е во прашање здравјето на жените.

Од третата линија „FIR“, компанијата очекува најмногу во 2024 сезона, затоа што во истражувањата покажала најдобри резултати. Покрај наведените линии, Lady B ја претстави и колекцијата Pushup, Beach и Midnight X Collection на модната дизајнерка Ива Накиќ, која ја нагласува женската сензуалност и заводливост.

Дополнителната колекција Elegance е доказ за тоа дека компанијата мисли на сите припаднички на женскиот пол, со своите нови модели наменети за дамите со изразени облини (Midnight elegance). Изработени се со 3Д технологија која на овие хулахопки им дава дополнителна издржливост.

За престојните зимски денови, се препорачуваат Termal хулахопките. Производите од линијата Celebrity, можете да ги најдете во продажните места на Cosmo TINEX низ цела Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста