Пановски за Алфа: Мерките на власта повеќе се политички
Полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро за Скопје, Куманово, Тетово и Штип со дел од околните општини во кои има зголемен број на заболени со Ковид-19. Ова е предлогот од Комисијата за заразни болести до Владата, неофицијано не се исклучува можноста владата да не даде зелно светло за оваа препорака. Алфа од свои извори дознава дека полицискиот час ќе биде целосно укинат на ниво на цела држава.
Граѓаните се поделени за тоа дали треба да има повторно рестриктивни мерки.
Во меѓувреме се множат критките на лекарите кои предупредуваат дека мерките на власта повеќе биле политички.Микробиологот доктор Никола Пановски за Алфа регира дека избрзаното олабавување на мерките го зголемија бројот на новозаболени.
“Како може, кога се гледа каде се жариштата и дека бројот на случаи расте место да се локализираат жариштата – се разлабавија мерките на цела територија. Ни тогаш ни сега не можам да најдам никаква оправданост здравствен или научен аспект.Последиците кога не се случа науката се такви.Или кога науката ќе ја слуша политиката.” – вели микробиологот Пановски.
На комисијата за заразни болести освен што се дискутирало за полицскиот час, на маса била и препораката за отворање на границите но според неофицијални информации, оваа одлука ќе зависи од бројот на заразени со корона кој како услов е да биде помал од 50 дневно.