Пановски: Очекувам животот да се нормализира во Септември

Здравствените работници, ранливите групи и возрасните граѓани се првите кои што треба да ја добијат анти ковид вакцината во првата фаза, апелира професорот Никола Пановски. Тој вели дека вакцината е незадолжителна и треба да се прими по сопствена волја, а оние кои нема да имаат желба да се имунизираат да не го ризикуваат здравјето на семејството и пријателите. Во однос на пандемијата, доктор Пановски очекува животот да се врати во нормален тек веќе во Септември. Додава дека вирусот и натаму ќе постои но ризикот за трансмисија ќе биде значително намален. Според него една од грешките на здравствените власти во справувањето со пандемијата е тоа што приватните лаборатирии не биле вклучени во системот за бесплатно тестирање со што би се овозможило што повеќе граѓани да се тестираат на товар на Фондот.

Целиот разговор со професорот Никола Пановски во видеото во продолжение.

Разговорот го водеше Ања Василева

https://www.youtube.com/watch?v=i1eAXqTzeJM&feature=youtu.be

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста