Евтиниот и ефикасен лек „Ивермектин“ кој помага во лекувањето на Ковид 19 од утре пристигнува во Македонија
Лекот Ивермектин, кој е евтин лек и влева надеж во лекувањето на болните од Ковид 19, од утре пристигнува во Македонија. Агенцијата за лекови МАЛМЕД дала зелено светло на веледрогериите да може да го донесат во земјава.
Доктори епидемиолози апелираа лекот Ивермектин, кој кај нас со години се користел во ветеринарната служба, да стане дел од терапијата за лекување на пациентите со компликаци од корона вирусот бидејќи студии од западните земји покажале дека тој дал одлични резултати.
Од утре и дел од болниците ќе побараат дозвола од МАЛМЕД да направат интервентен увоз на Ивермектинот за своите болнички потреби.
Ивермектинот и сега се користи кај некои пациенти болни од Ковид 19, но македонските граѓани го набавуваат од соседна Грција каде чини околу 1200 денари.
Во меѓувреме, се поизвесно е оти Македонија последна во регионот ќе ги добие првите дози од вакцините против Ковид 19. Албанскиот премиер Рама, објави оти во Албанија првите дози ќе пристигнат за две недели, а дел од нив ќе донирале и во Косово.
Кај нас, неофицијално првите дози од вакцината на Фајзер ќе стигнат дури во Февруари, но надлежните не кажуваат за колкава количина преговарале со производителот.
Србија прва во регионот ја купи вакцината на Фајзер. Неколку дена пред Новата година и Грција и Бугарија добија од истите вакцини при првата распределба од ЕУ.
Биљана Божиновска