Османи во улога на „воен командант„ – не штеди воинствени зборови за Русија, но молчи за Бугарија

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи се прогласи себе си за воен предводник….Ставајќи се пред премиерот Димитар Ковачевски во донесувањето на одлуките Османи остро реагира на сите објави на руската амбасада во земјава за воените случувања во Украина и тој е оној кој излегува со официјални ставови на македонската влада, па калкулира и како ќе постапуваме во актуелните ситуации.

Откако од владата се приклучија кон заклучокот на меѓународната заедница за заострување на санкциите кон Русија, власта без никој да го побара тоа од нас, донесува одлуки и пред земјите членки да пристапат кон такви чекори. По одлуката на Руската Федерација да ги прогласи државите кои воведоа санкции за државни непријатели, Османи експресно го повика рускиот амбасадор и му врачи протестна нота.

И додека како држава сме подготвени за остра реторика кон Русија, остануваме без коментар за бројните бугарски навреди, провокации, ултиматуми кои не се доволни за било каква реакција на македонската влада. Агресивната бугарска реторика за министерот за надворешни не се повод за разговор со неговата бугарска колешка Генчовска, па затоа побрза говорејќи на бугарски јазик да им го честита денот кога Бугарија ја слави идејата за „Голема или Санстефанска Бугарија“, која предвидува заземање на дел од македонската територија.   

Ниту идејата за голема Бугарија која неколкупати ја актуелизираа бугарските челници не наиде на никаква осуда од македонските власти, кои во духот на добрососедските останаа неми на ваквите провокации низ годините наназад, како и онаа на европратеникот Џамбаски дека не треба да постојат граници меѓу Македонија и Бугарија…

-Нема Бугарин кој не ја разбира важноста да нема граници меѓу Црно Море и Охрид, па ние сме во ЕУ. Затоа поставувањето на таа тема е неспорен успех како за ЕУ зашто дава сигнал за развој…велеше Џамбаски.

А Османи во обидот да се додворува на одлуките на големите европски сили излезе и со изјава дека со купувањето на руска нафта и гас се финансирала руската војска. Сепак нема одговор на реакцијата на БЕСА дека токму ОСмани и министерството за надворешни работи голем договор за набавка на гориво токму од руската компанија Лукоил.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста