Османи и Заев со различен став за израелско-палестинскиот конфликт

Владата нема единствен став за израелско-палестинскиот конфликт: пред неколку дена министерот османи јасно даде поддршка за Израел, денеска премиерот преку Твитер повика на дијалог.

Со загриженост ги следиме случувањата во Израел и појасот Газа. Животите на луѓето се бесценети и затоа насилството треба да запре. Не смее да има толеранција за антисемитистички напади. Не смее да има толеранција за напади врз цивили на која било страна. Дијалогот е решение-напиша Зоран Заев на Твитер.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ ја поддржа израелската акција на одбрана. Денеска за поддршката се заблагодари израелскиот премиер,  Бенјамин Нетанјаху. Тој ги објави знамињата на земјите за кои вели дека ги поддржуваат израелските напади врз појасот Газа и на западниот брег, а меѓу 25-те земји, 19-то е знамето на Македонија.

-Ви благодарам што цврсто стоите со Израел и го поддржувате нашето право да се браниме од терористички напади, напиша Нетанјаху на својот официјален профил на твитер.

А денеска во Македонија во знак на солидарност со палестинскиот народ и нивниот отпор,  се одржа протестен собир на плоштад Македонија, но протестот се подели на две групи, едната од оние кои беа организатори на протестот, а другата од дузина протестирачи кои се појавија со национални и етнички симболи. Тоа беше причината за протестот да се раздвои.

Од Социјален центар Дуња се оградија од другата група.

Ние од Социјален центар Дуња го организиравме овој протест, но за жал, протестот беше узурпиран и преземан од некои структури коишто за нас се непознати. Затоа ние се повлековме на оваа страна и тука ќе го одржиме нашиот мирен протестен собир и се оградуваме од другата толпа.

Во нивниот говор тие повикаа да се стопира окупацијата на Газа, но и идеите за големи и етнички чисти држави.

Другата група на протестирачи, пак не дадоа изјава на Македонски јазик.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста