Орбан: Унгарија прва во Европа се врати во нормален живот

Унгарија е можеби првата европска земја што се врати во „нормалниот живот“ по пандемијата на коронавирус убеден е унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Сепак, пандемијата сè уште не е завршена – предупредил Орбан.

Досега, се вакцинирани 4.483.598  Унгарци, а земјата може да ја премине границата од пет милиони минизирани до крајот на мај.

Како што најави унгарскиот премиер може да бидат укинати ограничувањата во врска со свадби и други настани, како и полицискиот час, кој во моментов е во сила од полноќ до пет часот наутро.

– Обидот да ги одвратите луѓето од земање вакцина или да ширите недоверба кон одредени производи е повеќе од обична грешка – заклучува унгарскиот премиер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста