Османи и Димитров конечно собраа храброст: Ќе дојдат во Собрание- Заев не знае за што ќе зборуваат

Бугарија влегува во Собранието, Димитров и Османи конечно ја прифатија поканата и собраа храброст, да се соочат со пратениците, потврди Заев. Но, премиерот не знаел за што ќе се разговара. Запрашан што ќе се открие пред народните избраници, ги упати новинарите одговор да побарале од Димитров и Османи.

-Не знам, не знам, тоа да ги прашате некој од министрите, тие се повикани. Веројатно за деталите од разменувањето на идеи меѓу двете работни групи, двајцата министри за надворешни работи. Секако и нон пејперот и последното размислување што го дадовме до Бугарија, па нивната реакција на нивното размислување, секако веројатно ќе ги споделат со самиот Парламент ваквите детали, изјави Заев.

Иако пораките од Бугарија се дека по изборите, за Македонија може да биде само полошо, Заев останува на ставот дека за политичките прашања немало да разговараат додека не заврши изборниот процес кај источниот сосед.

-Секогаш пред избори е нерационално или невнимателно, непродуктивно да се преговара за политички теми. Но, можеме да работиме на акцискиот план, инфраструктурата, спортот, информатичкото опшстество. Не знам, туризмот и многу други обврски кои што ни се на двете страни и се со цел да го јакнеме пријателството меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, изјави Заев.

Како што соопшти Заев, Димитров и Османи отчет ќе даваат пред комисијата за надворешна политика, каде претседател е Антонио Милошоски. Датумот се уште останува непознат, премиерот вели ќе се разговрало кога ќе имало време во Собранието.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста