Оризопроизводителите извисија, министерот не им ги исплати ветените субвенции, одат на протест

Понеделник не донесе ништо ново за кочанските оризопроизводители, кои на ресорниот министер до денес му дадоа краен  рок за исплата на субвенциите. Сметките се уште се празни, а заостанатите долгови и извршителите им дишат во врат. После ова велат, нема ништо што ќе ги сопре  да протестираат на патот Штип-Кочани.

  „Долгоочекуваните субвенции ниту ги добивме, ниту имаат намера да ги исплатат. Затоа сме принудени на 23 да излезема и да го блокираме патниот правец Штип-Кочани. Друга опција немаме. И во петтиот сет мерки не сме опфатени. Ова ги помина сите граници.Ниту имаме информација кога ке ги исплатат. Како да не постоеме„- изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството.

Откако парите не им легнаа до 31 декември, ризопроизводителите сега добиле нови ветувања, дека со исплата ќе се започне од 1март. Ваквото одоговлекувае лошо ќе се одрази на престојната сеидба, која треба да стартува за околу два месеци.

   „Добивме ветување дека од 1ви март ќе почнат со исплата, но ние воопшто не веруваме. По трет пат сме излажани. …Сега ние само овој снег да се стопи, ќе треба да почнеме со припрема на површините. Во колку не се пуштат субвенциите, ние мора некако да се снаоѓаме , со протести„ изјави Арсов

  Оризопроизводителите бараат  пратениците од  3 Изборна единица да дојдат и да ги поддржат, во спротивно најавуваат бојкот на пописот и престојните локални изори..Во моментот има благо опаѓање на откупната цена информираат од иницијативниот одбор. Оризот од сортата Сан Андреа што се продаваше по 41 денар, сега се откупува за 37. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста