Општествена одговорност: Градоначалникот на Пласница делеше маски на граѓаните

10 000 заштитни маски и ракавици, донирани од градоначалникот Исмаил Јахоски, мобилни тимови денеска ги поделија во Општина Пласница. Дополнително, на сите ранливи групи, стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства на лица со попреченост, ќе им биде донирана помош во прехранбени производи и тоа ќе биде континуитет додека трае состојбата со корона вирусот.

  • Мора сите да придонесуваме за намалувањето на ширењето на корона вирусот. Ова не е донација туку помош во моменти кога најмногу треба да се помогне. Важно е сите да сме свесни и одговорни и да седиме дома, намалувајќи ги социјалните контакти на минимум. Мора да се почитуваат препораките за доброто на сите, пред се за доброто на нашите најблиски. Сега треба да помогне кој колку може, а самите помагаме ако ги почитуваме мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата”, изјави градоначалникот Јахоски.

Градоначалникот Јахоски донираше 10 000 маски и ракавици и за жителите на Општина Долнени и уште 7 000 за жителите на Општина Македонски Брод, вклучително и во Здравствениот дом. Повикува сите локални самоуправи да бидат самосвесни и максимално што можат да ги помогнат граѓаните.

Викторија Миткова

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста