Алфа сторија: Како изгледа еден работен ден на матичната докторка Чолакова Дервишова

И млади и стари на преглед – вака изгледа секојдневието на докторката Лилија Чолакова Дервишова. Вонредната состојба не сменила ништо.

Матичен доктор е на илјадници пациенти. Одговара и телефонски и на социјалните мрежи, за што и да и побараат.
Страв или не од вирусот за неа е неважно, таа се води по Хипократовата- сечиј живот вреди. За себе помислува кога не е со пациентите. Сама си купила маски, ракавици, дезинфициенси. Претседател е на здружението на матични лекари, се бори за заштита на колегите – ама тие не добиваат соодветен третман и сега, кога се најпотребни.

“Пропустите се големи. Не смееме да си дозволиме да нема опрема за примарно здравство. Ние сме достапни…не може да немаме соодветни скафандери маски и ракаваци. Но државава мора да има резерви, значи пропустите се системски. Како претседател на матичните доктори барам почит, ако се делат заштитини материјали – не смееме да бидеме испуштени” – изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Во допир е со пациентите и покрај препораките да седат дома. Но што ако и таа се зарази?

“Ако матичните доктори затворат или се инфицираат сите, дури тогаш болниците ќе треба сите да ги прифаќаат. Ние благодарение на примарното здравство немаме блокирани болници.Немаме гужви и редови пред болниците.” – вели д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Во ординацијата инвестирала сама. И сите слични на неа плаќаат концесии па очекуваат третман од државата каков што заслужуваат.
Покрај лекарите од примарното здравство реагираат и останатите медицински лица дека немаат маски ракавици и одела. Но, Филипче секојдневно се правда заштитна опрема имало.

И во тешки услови белите мантили од свој џеб инвестираат во македонското здравство – за самозаштита и заштита на пациентите.

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста