Oпозицијата обвинува за велепредавство, Заев не открива за што преговара – португалскиот предлог најголема тајна

Португалското решение за интеграциите на Македонија во ЕУ остануваат најдобро чувана тајна во земјава. По обвинувањата од опозицијата дека Зоран Заев подготвува велепредавство на нацијата и води тајни разговори со официјална Софија, премиерот се уште не открива што добро носи европското решение. Сепак и во оваа ситуација се колне во македонскиот јазик и идентитет, оти не се преговарало за тоа.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во статус на Фејсбук повика Заев да каже што содржи документот кој се преговара од него и Владо Бучковски и зошто тој се крие од јавноста…

-Сметам дека е одговорно да се борам за националните интереси, секогаш и секаде. Но, потполно е неодговорно да вршиш национално предавство и да преговараш за историјата, јазикот и нашата посебност, рушејќи ги сите можни преговарачки позиции. Сето она што Заев го зборуваше во интервјуто на БГНЕС е тоа што сега многу лесно се дозволува да биде предмет на договорот кој се преговара. Двоецот Заев-Бучковски е најголемата опасност за македонските црвени линии, тие се најдобриот дар за бугарските позиции, предупредува Мицкоски.

Дека на Заев не треба да му се верува веќе алармираат и бројни експерти. Ставовите и позициите на премиерот треба да се земат со резерва оти досега неколкупати ги поби своите тези…Најпрво со Преспанскиот а сега и со Договорот со Бугарија.

Но не само пакетот решение кои го донесоа еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и португалскиот министер за надворешни работи Силва во Скопје, Заев не дава конкретен одговор какви гаранции побара бугарскиот претседател румен Радев. Во обид да се дефокусира конкретното барање на Бугарија, премиерот уверува дека гаранциите биле всушност  реализацијата на инфраструктурните проекти кои се ветени со Договорот за добрососедство.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста