Опасноста од јужноафриканскиот вирус ја зовре јавноста

Случајот со двајцата битолчани кои половина месец одмараа во Занзибар за потоа да се вратат во Македонија заразени со коронаворис, предизвика силни реакции во јавноста.Луѓето гневот го истураат на социјалните мрежи но отвораат и многу дилеми, кои здравствените власти до сега не ги зедоа во предвид.

“-На 65 години да одиш Занзибар на одмор во сред пандемија со три мутирани соеви треба да си бараш чаре во друга институција, не во Ковид центрите. И зошто кога стигнаа на аеродром веќе со симптоми не се јавија на брза помош да па бидат хоспитализирании тестирани веднаш? Неофицијално има уште најмалку 20 лица од Македонија кои се на одмор во Занзибар.Кога ќе се вратат и тие ќе биде баш жестоко со новиот сој?!”

И додекасе чекаат резултатите дали битолчаните го донесоа јужноафриканскиот сој во земјава, туристичките агенции на големо продаваат пакет аранжмани за Занзибар, Кариби,Мескико.На нивните сајтови стои и иформацијата дека за матвоскотопатување во Занзибар-земја жариште која не превзема ништо за спречување на ширење на коронавирусот, има уште 4 слободни места.

Неопходно е да се почитуваат стандардите,прва работа која во туризмот се превзема тоа е туристичката агенција да ги утврди безбедносните норми кои владеат во определена туристичка дестинација , велат експертите по туризам кои очекуваат реакција и од Стопанската комора на Македонија

Се’ друго вон тоа подлегнува на непроверени карактеристики од патувањето кои повлекуваат пак сега да Стопанската комора и здруженијата превземат мерки со кои ќе ги етаблираат таквите однесувања.Во конкретиот случај ако дошло до зараза веројатно дека тие предвидувања на безбедносните карактеристики не се доволно апсолвирани-вели проф.д-р НАУМЕ МАРИНОСКИ.

Не проверени десинации не треба да се прифаќаат,но дел од туристичките агенции кои изманата година бележат големи загуби, треба да води сметака за тоа каде ги праќа туристите.

Тие наоѓаат држави каде што мерките се малку полабави или воопшти не постојат со цел, тие да го одржат туристичкото стопанство,бидејќи им е носечки дел на нивната национална економија-рече КЛИМЕНТ НАУМОВ-здружение на тур.водичи “ Кеј”.

Сеуште се свежи случувања когаодредени земји ги фигираа податоци, ги затскриваа точните бројки на заразени со цел да привлечат што е можно поголема криентела за на крајот да се соочат со огромни загуби во поглед на човечки животи-укажуват туристичките работници.Инаку,битолскиот бизнисмен и неговата сопруга-фармацефт во битолскиот клинички центар за која нема санкции и покрај забраната за користење на годишен одмор како вработена во здравствен сектор,ги кријат не откриваат со колку луѓе биле во контакт по враќање дома. Избесно е дека та бројка и не е така мала, ако се земе превид дека агенециите ги реализират патувањата на егзотичните земји за група не помала од 20 до 30 авантуристи.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста