ОН контра Израел: Ние сме на страната за спасување животи

ОН контра Израел: Ние сме на страната за спасување животи

Обединетите нации (ОН) ги отфрлија тврдењата дека се пристрасни во врска со конфликтот меѓу Израел и Газа, инсистирајќи дека тие се „на страната на спасување животи“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, напиша писмо до членовите на Советот за безбедност, повикувајќи се на членот 99 од Повелбата на ОН кој не се користел со децении и ги повика да помогнат да се избегне хуманитарна катастрофа во Газа.

Според Гутереш, јавниот поредок во Газа целосно ќе се урне поради континуираното израелско бомбардирање и недостатокот на основни резерви. Додава дека катастрофата со која се соочува Газа е толку голема, што големи се шансите никогаш да не се опорави.

Повикувањето на членот 99 од Повелбата на ОН е многу ретка ситуација за еден генерален секретар да се повика на неа, но како што објаснуваат од неговиот кабинет тој бил принуден да го стори тоа поради обемот на „ужасното човечко страдање. “.

Израел претходно ги обвини ОН дека достигнале ново морално ниско ниво и тоа е доказ за неговата пристрасност против нив.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста