Олабавените заштитни мерки, ги полнат прилепските кафулиња

Журки од највисок ризик, викендов се организирале во некои од прилепските кафулиња. Масовна посетеност, млади без заштитини маски и без никакво почитување на задолжителната дистанца, но и со жива гласна музика е сликата која што овие два дена се споделува по социјалните мрежи од елитното прилепско кафуле „Калипсо“. Во време кога секојдневно бројот на заразените е троцифрен, а за жал и на починатите не е за занемарување, ваквите забави се повеќе од опасни, бидејќи, несомнено претставуваат нов потенцијален кластер за ширење на Короната.

Стојко Пауновски од Пазарниот инспекторат, во телефонскиотразговор за Алфа ни изјави дека Инспекторатот бил запознат со овој случај, но бидејќи бројот на инспектори во Прилеп бил многу мал, односно биле само тројца и тоа повозрасни пазарни инспектори, била побарана помош од колегите од Битола, но додека тие стигнале, кафулето веќе било затворено. Пауновски посочи дека и покрај тоа, понеделник ќе бидат поднесени соодветни пријави, а до Владата веќе било доставено и барање за повторно затворање на локалите. Според Пауновски, надлежните инспектори, викендов имале полни раце работа, односно за исти настани интервенирале и во Струмица, Виница и Тетово.

Инаку, последните информации од прилепскиот Центар за јавно здравје се дека во Прилеп има четворица новозаразени, а бројот на активни случаи со Ковид 19 изнесува 61. На болничко лекување се наоѓаат 18 пациенти.

 

Каролина Дурло 

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста