Огромен споменик на УЧК во Кумановско Слупчане

Молк од владата, министерствата и општина Липково за огромниот споменик на УЧК кој се гради во селото Слупчане. Во владата немаше кој да одговори на прашањата на Алфа, во министерство за локална самоуправа велат, надлежни биле министерството за транспорт и врски, додека тие надлежноста ја префрлија врз општината и министерството за култура. Во култура најпрвин беа изненадени за објект кој се градеше цела една година, а потоа ни одговорија дека не учествуваат во изградбата или финансирањето на тоа спомен обележје.

Градоначланикот Еркан Арифи го исклучи телефонот, откако ни посочи да го бараме после пладневната молитва, а во неговата општина, контакт бројот за јавноста, веројатно е само формалност – Дали има градежна дозвола и кој ја издал, како и од каде општина Липково најде 200 илјади евра за да ја финансисра кулата висока над 20 метри институциите засега, немаат одговор.

Еркан Арифи претходно го најави свеченото отворање на таканаречената „спомен кула“, на Фејсбук.
„За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот“

Изградбата на споменикот беше најавена уште минатата година, додека пак свеченото отворање е закажано за втори мај, денот кога партијата на Али Ахмети, ДУИ, го прославува како „Ден на бранителите“.

„Овој споменик е во спомен на паднатите борци, на ОНА, на мајките, жените и на сестрите од овој реон“ – изјави Али Ахмети минатата година.

За споменикот, кој истовремено се наоѓа и во непосредна близина со Макеоднско-Српската граница, ревносно пренесуваат и Српските медиуми, за кои ваквиот чин претставува срам и голем скандал.
Претседателот на собранието, Талат Џафери, запрашан дали ќе присуствува на отворањето на споменикот, вели дека за втори мај се паѓа Бајрам, а процедурите за празникот е да си дома и верува оти ова ќе е последниот споменик на УЧК во Македонија, иако за тоа вели, не можел да гарантира.

Новинар: Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста