Одбележување на 79-годишнината од депортацијата на 7144 македонски Евреи

Ако големи светски имиња можеа да се извинат за злосторството кое беше направено брз Евреите, не постои пречка за Бугарија да се поклони и извини врз пепелта на македонските евреи кои нивните предци ги испратија на последното патување во логорот на ужасот Треблинка. На одбележувањето на 79 годишнината од депортацијата на 7144 македонски евреи, нивните предци и денеска раскажуваат за болната судбина и окупација од германскиот и бугарскиот фашистички окупатор.  

Претставници на државно-политичкиот врв, еврејски заедници од земјава и светот одадоа почит пред споменикот на македонски евреи и положија цвеќе. Без сеќавање нема иднина. Од концентрационите логори не се врати никој, останаа расфрлани само трошки од еврејските семејства, порача претседателот на еврејската заедница во земјава.

Владините претставници денеска ги одбегнаа камерите, но прашањето е дали во духот на добрососедските односи Македонија конечно ќе побара од братска Бугарија да се извини за депортацијата на македонските евреи…

И додека спомениците во Македонија сведочат за угнетувањето од бугарскиот фашистички окупатор, за претседателот на Бугарија Румен Радев вистината е дека бугарскиот народ ги спасувал Евреите во Втората Светска војна. Повеќе од 50 меѓународни организации за човекови права низ светот веќе испратија писмо до бугарскиот премиер Кирил Петков во кое бараат Бугарија да одговара за депортацијата на македонските евреи.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста