Обвинителите од СЈО пречка за Законот за јавно обвинителство

Oбвинителите од СЈО и евентуалното префрлање во обвинителството со кое раководи Вилма Русковска останува најголемата пречка за договор меѓу власта и опозицјата. До крајот на неделава работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе ги усогласуваат ставовите. Деновиве ќе биде познато дали можат да се договорат за усогласен текст согласно стандардите на венцијанската комисија. ВМРО-ДПМНЕ смета дека споецијалните обвинители не смее да бидат привилегирани.

“Ние сметаме дека контроверзите што ги следеа овие обвинители и ова Обвинителство, особено противзаконското земање високи хонорари спротивно на Законот за обвинителска служба и Законот за плати на обвинители не би требало да им даде повластен третман за таква привилегија”, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека покажале јасна воља за носење на законот, но и дека има црвени линии за тоа што може да содржи.

Министерката за правда Дескоска смета дека донесувањето на законот зависи од вољата на ВМРО-ДПМНЕ. Таа врли дека законот не предвидува апсолутно префрлање на обвинителите од СЈО кај Рускоска туку зголемување на бројот на обвинители во обвинителстото за организиран криминал. Секој обвинител ќе може да конкурура за овие места.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста