Објавено шокантно видео од убиството на ракометарот Денис Тот- дали некој сакаше да ја сокрие вистината?!

Објавено вознемирувачко видео од убиството на ракометарот Денис Тот, за кое во јавноста постои сомнеж дека некој сакал да го сокрие. Додека надлежните не откриваат детали, на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како беше убиен 28 годишниот Хрват.

Во видео материјалот првично објавен, па избришан од јутјуб, па потоа објавен на Твитер, се гледа како првично Хрвтот кој настапуваше за РК Бутел, добива два удари во лицето, за по падот на земја да продолжи да биде шутиран во главата од осомничените за убиството.

Шокатното и вознемирувачко видео ја открива вистината, но уште поскандалозно открива дека некој по се изгледа сакал ова да биде сокриено. Дека станува збор за убиство, официјално беше соопштено по повеќе од 24 часа, а тоа било очигледно во самиот момент. Дури и лекарите тврдеа дека немало видливи траги на насилство на телото на трагично починатиот ракометар.

-Тоа што е чудно е дека тој нема видливи знаци на насилство. На нашата клиника беше донесен без срцева акција. Правиме се што можеме во моментот за да му го спасиме животот, кажа Маја Мојсова, директорка на Карил.

Наместо да се каже вистината, одредени медиуми ја политизираа ситуацијата со објавување на фотографија од првоосомничениот со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. А токму ВМРО- ДПМНЕ беше меѓу оние кои гласно предупредуваа дека некој сака да го сокрие целиот случај.

-Треба министерството да одговори зошто криеше, зошто молчеше и зошто институциите кои што се надлежни за да го расветлат овој грозоморен настан не го расветлуваат, туку се обидуваат континуирано под тепих да ја стават работата. Требаше едноставно за да не се счучува ова расфрлање со пердуви да излезат надлежните и да кажат кој е сторител, сторителите се пронајдени, сторителите ќе одговараат за овој грозоморен чин, е она коа што требаше да се случи. Зошто некој го сокрива сево ова, треба да одговорат оние кои го кријат сторителот на ова убиство, изјави Мицкоски.

Додека македонските медиуми бараа информации од надлежните, по три дена се јави и главниот скопски обвинител, Гаврил Бубевски, но за хрватските медиуми. Во изјава за РТЛ застана во одбрана на Карил.

-Мислам дека воопшто немаше намера да се прикрие. Само сплет на околности. Мислам дека тоа беше лоша медицинска проценка и стојам на тоa. Моите најнови информации велат дека сè уште се трага по човекот кој го почнал сето тоа. Тој прв го удрил ракометарот, кој не се ни бранел, а подоцна другите двајца го удирале со нозе во главата. Еден сѐ уште е во бегство, изјави Бубевски.

Хрватската амбасадорка во земјава Нивес Тигањ потенцирајќи дека случајот е трагичен пред се за неговото семејство, вели дека будно ја следат ситуацијата и очекуваат правдата да биде задоволена. Веста за убиството на ракометарот Тот е топ тема во хрватските медиуми кои бараат одговори за случајот.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста