„Ова ти е последна опомена“ – закани за охридскиот обвинител Воислав Димоски

На каналот YouTube осамна аудио снимка на која непознат женски глас вербално го напаѓа охридскиот јавен обвинител, Воислав Димоски. На снимката се слуша како лицето му вели на обвинителот да се воздржи од несоодветни написи на социјалната мрежа фејсбук и оти ова е негова последна опомена.

Не ме терај да превземам мерки,оти ќе превземам.Нема што да пишуваш како работи судството,нема да ми пишуваш за тоа дека си дошол во обвинителство со намера да подобриш,меѓутоа ќе си одиш оти ништо не успеа.Пред 3 години затоа што се произнесоа 3 јавни обвинители за одлука донесена на колегиум на јавното одвинителство,етичкиот совет постапка поведе. За одлука се произнесоа колеги… Прокоментираа во јавност, не смее.Ќе ме принудиш да превземам мерки,тоа го мислам.Ова ќе го почитуваш што ти го реков,оти ќе те отепам и дури си во обвинителство да не видам повеќе такви натписи ,оти косата ќе ти ја откорнам – се заканува непознатата личност.

Обинителот Димоски кој се огласи преку својот фејсбук профил, вели дека не  знаел кој ги објавил адио снимките но истите се во целост вистинити.Содржината можеби за некои од вас е страшна, но за мене не се ништо ново, ми упатувале и пострашни закани-пишува Димоски.

Со оглед дека мојот ФБ профил, кој во овие околности е моја слободна територија, неспорно, уредно се следи, овде ги повикувам надлежните да го откријат изворот на наведените снимки. После неуспешниот обид да ме компромитираат со видео снимки објавени пред неколку месеци, имам полно право да заклучам дека станува збор за организирана хајка раководена од ист центар во двата наврати. Како и да е се им е џабе. Искрено верувам дека нема напредок на државата без луѓе со чесна намера и интегритет! Тие поинаквите, тврдам дека се причина за егзодусот на највредното во Македонија – нашите најумни млади глави – вели обвинителот Воислав Димоски.

Инаку Димоски е 10 години јавен обвинител кој работел на многу чувстителни предмери. Алфа стапи во контакт со Димоски,но со повеќе детали рече дека ќе се произнесе по Велигденските празници.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста