Николоски: Зошто Заев молчи за рекетот од над 6 милиони евра, видеата и снимките кои што беа објавени?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски коментирајќи го денешното излагање на Зоран Заев истакна дека јавноста увиде како изгледа исплашен човек поради криминалите на власта. Тој бара од заев да одговори каква е неговата релација со Ден Дончев  во однос на очигледниот рекет кој што го виде македонската  јавност.

“Практично Зоран Заев овозможи амнестија за овој човек, знаејќи што правел? Затоа што најверојатно го правел во координација со Заев. Дали тоа беше причината поради која што Зоран Заев дозволи нечепнато да се повлече Ден Дончев од директорската позиција?
Зошто упорно молчи Заев за рекетот од над 6 милиони евра и видеата и снимките кои што беа објавени? Ова се баснословни суми за сите македонски граѓани, за сите они кои што ги слушаат. И зошто ги релативизира овие прашања и не бара одговорност од неговите луѓе? Одговорот е едноставен, затоа што одговорноста завршува со нив” – изјави на денешната прес-конференција Николоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста