Николоски: Ставањето на Дака на црната листа е потврда дека владини функционери биле вмешани во корупција

Николоски: Ставањето на Дака на црната листа е потврда дека владини функционери биле вмешани во корупција

Соработникот на власта,  контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давивиќ – Дака се најде на американската црна листа. Тој стана актуелен во земјава главно со купувањето на тетовски ШИК „Јелак“, каде се предвидуваше да никне „урбана џунгла“. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш предупредуваше дека Дака склучува сомнителни договори со владејачката гарнитура.. Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ставањето на Дака американската црна листа е потврда дека високи владини функционери биле вмешани во корупција.  

  • „Да ја потсетам македонската јавност дека оваа влада на СДСМ и ДУИ беше формирана на 30 август 2020 година, веќе на 31 август, утредента Советот на општина Тетово во тоа време со градоначалник од ДУИ, Теута Арифи усвои спорен детален урбанистички план кој што проценката беше дека треба да вреди некаде околу 200 милиони евра, на земјиште кое што претходно припаѓаше на комбинатот „Шик Јелак“ кое што во спорни и сомнителни околности во меѓувреме го стекна бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ. Во тоа време презентирав докази дека се работи за пари од сомнителен капитал кои што можеби потекнуваат и од војните во поранешна Југославија кои што Македонија стигнуваа преку офшор компании од Панама“, вели Николоски.

Тој посочува дека до денес Обвинителство ги нема истражено овие наводи. Дека токму ваквите фирми, кои се на американската црна листа треба да бидат ограничени со закон и да немаат можност за тендери за јавни набавки, за што говореше министерот Спасовски, за Николоски е добра идеја. Но не доаѓа од соодветна личност бидејќи , МВР во моментов спроведува една до поголемите јавни набавки со фирма која е на црната листа.

  • Во моментов можеби единствена поголема јавна набавка во Македонија која што е реализирана од компании и лица кои што се на црната листа на САД е реализирана токмо во Министерството за внатрешни работи коешто направи една голема набавка на ИТ опрема од компанијата Инфинити која што е поврзана со семејството Додик коишто се на црната листа на САД и беа на црната листа на САД и компаниите поврзани со Инфинити и семејството во моментот кога се случи оваа јавна набавка. Така што идеите се добри но треба да имате кредибилитет да ги дадете“, потенцираше Николоски.

Николоски посочи и дека поради обелоденувањето на аферата со сомнителните договарања на власт со Дака добивал закани, но не се откажал бидејќи според него време е Македонија да се исчисти од корупција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста