Ни трага ни глас од Зоран Заев среде најголемата економска криза

А среде криза која според зборовите на премиерот Димитар Ковачевски е најголема од Втората светска војна, никаде го нема неговиот претходник. Зоран Заев целосно исчезна од јавниот живот. Алфа се обиде да го најде во родната Струмица, ја посетивме и неговата куќа каде не наидовме на гостопримство од полицајците кои ја обезбедуваат. Струмичани, пак, велат дека воопшто не го виделе. Интересно е што Заев се повлече од Владата и од СДСМ токму во периодот кога според претседателот Стево Пендаровски, Македонија добила сознанија дека Русија ќе ја нападне Украина и дека ќе следат сериозни економски поледици за сите. Опозицијата обвинува дека го нема во јавноста, но дека продолжува од позадина да раководи со државата и со партијата.

„Што снимате и кои сте вие?“ – со овие зборови ни се обрати полицаец, кој се претстави дека еден од обезбедувањето на поранешниот премиер Зоран Заев, откако екипата на Алфа пред десетина дена проба однадвор да ја снима куќата на Заеви во Струмица и да покаже на јавноста што прави Заев, откако повеќе не е премиер.

Полицаец: Бато шо снимаш?

Камерман: Правам инсерти.

Полицаец: Знаеш дека овде не смееш да снимаш? Ова е објект од прв степен на обезбедување.

Камерманот: Да, ама јас снимам однадвор.

Полицаец: Кога јас кажам дека не смееш, значи не смееш! Излези од колата!

Откако ни побара да се легитимираме и утврди дека станува збор за новинарска екипа, полицаецот го смени односот и со поблаг тон продолжи да објаснува дека е строго забрането снимање на семејната куќа на Заеви.

„На помалку од 200метра каде јас се наоѓам е лоцирана семејната куќа на Заеви. Телевизија Алфа беше на неговата улица, поразговаравме со соседите, но од страна на обезбедувањето ни беше забрането да го снимаме објектот со образложение дека станува збор за објект со безбедност од прв степен“.

Алфа испрати допис и до МВР. Прашавме дали на овој начин ни го ускратуват правото професионално да ги извршуваме работните задачи, а истовремено прашавме   колку време и какви ресурси од МВР  користи бившиот премиер. Од таму одговорија:

  • Конкретните мерки и активности кои ги превземаат полициските службеници за обезбедување на поранешниот Претседател на Владата на РСМ г. Зоран Заев, претставуваат класифициран податок, се вели во дописот од МВР. Од таму додаваат дека Заев има лично полициско обезбедување од шест лица и има право на користење на возило и личен шофер .

Кон крајот на минатат година поради катастрофалниот изход на локалните избори, Заев се повлече од премиерската, но и од функцијата преседател на СДСМ. Тогаш најави дека ќе се вработи во една од семејните фирми, нема да користи апанажа и обезбедување  ќе користи делумно, како што предвидува законот. Два месеци Заев не извршува држана функција. Не се појавува во јавноста, а не го виделе ниту првите соседи.

  • Слабо го гледам! Сега е зима, летото почесто го гледаме. Не поздравува, обично рака ќе дигне. Вие гласавте за него? Јас не гласам за никој! вели еден од соседите на Заев.

Алфа поразговара и со струмичани. Велат и порано ретко го гледале, а сега откако не е премиер воопшто го немат видено.

„Не, не сум го видел. Тој сега одмара. Дванаеесет години градоначалник, па четири години премиер, сигурно е преморен човекот. Не сум го видел, јас и порано не сум го видел, а сега воопшто го немам видел. Не не сум го видел, ни порано да шета. Нормален човек, како и сите други, а не ни е ни битно„ велат анкетираните струмичани.

Изминатиот период Заев повторно стана актуелни откако неовиот 18 годишен син регитрира претпијатие за производство на електрична енергија. Алфа ја пронајде канцеларијата на „Тотал Енерџи“ оставивме контакт, но до денес никој се уште не нема исконтактирано.

Александра Ристеска

Поврзани вести