Цените на горивата се доближија до психолошката граница од 100 денари, власта од понеделник очекува поевтинување

Новиот раст на цените на горивата, кои се доближуваат до астрономска трицифрена бројка од речиси 100 денари за литар, е незамапетен со децении и претставува голем удар врз стопанството и граѓаните. Пред последното поскапување на горивата ноќеска, Владата излезе со сет од 26 мерки, кои тежат дури 400 милиони евра, но прашање е колку тие ќе помогнат за зачувување на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите.

Цените на горивата се поблизу до психолошката граница од 100 денари по литар. Поради драстичното поскапување, најавените владини мерки ќе немаат никаков ефект, буквално ќе бидат „изедени“.

Новите цени им создаваат дополнителни проблеми на сите, и на граѓаните, и на такси превозниците, и на камионските превознци. Велат дека биле оставени сами на себе, без никаква поддршка од никого.

Граѓаните се револтирани – велат дека никогаш не било поскапо. Први на удар се такси превозниците, дел од нив размислуваат да ги остават колите и повеќе да не работат. Велат никој не води сметка за ништо.

  • Ова со горивава е катастрофа. Ни некој гледа на нас, ни пак има некои мерки кои ќе го ублажат ова лудило. Ни човек влегува во кола, ни пак има пари народов, ќе си затвориме и тоа ќе биде, кога немаме држава што ќе ни помогне, како што тоа е во другите земји, остро реагираат такси превозниците во изјава за Алфа.

Од Владата смируваат – тврдат дека од следната недела ценит ќе се намалеле.

  • Имајќи ги во предвид вчерашните цени на берзите и цената пред 2 дена, јас очекувам согласно анализата од утре, а многу е важно да се наведе дека веќе од понеделник ќе имаме не поевтини цени од регионот туку значително поевтини цени од регионот, рече Министерот за економија Крешник Бектеши

Опозицијата, пак, смета дека за ваквиот ценовен шок е виновна власта со, како што велат, неодговорните политики што ги води. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека само бараат изговори, но и дека тоа немало да им помине бидеjќи граѓаните веќе им ја прочитале неспособноста. Додава дека доколку бил прифатен нивниот предлог сега горивата ќе биле 11 денари поевтини.

  • Иако ние тоа го предложивме уште таму некаде на крајот од минатиот месец за жал поради самобендисаноста би рекол и надменоста на оваа Влада, граѓаните изминативе две недели плаќаа за неколку десетици денари за литар поскапо гориво”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Мицкоски додаде дека за жал Владата е таква, и поради нивната неспособност граѓаните плаќаат поскапо гориво изминативе две недели.

  • Ќе видиме како ќе се одвиваат работите деновиве, јас следејќи го она што е на меѓународните портали, следејќи го она кое што е актуелно во светот не очекувам дека нешто бргу ќе се измени во насока на смирување еве на состојбата каде што е конфликтно подрачје во моментов и каде што се случува тоа што се случува. И некако не можам да ја издвојам Македонија од сето тоа и дека граѓаните во Македонија бидејќи немаше план за справување оваа Влада со сето ова кое што денеска се случува, ќе трпат последици на семејниот буџет на стандардот. Ќе трпат и тоа е само како резултат на погрешните политики и немањето стратегија и визија на актуелната Влада, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека од власта ќе бараат разно разни оправдувања, но тоа нема да им помине бидеjќи граѓаните им ја прочитаа неспособноста.

Дека власта води погрешни енергетски политики предупредуваат и трговците со нафта. Дел од нив дури се заканија дека ќе престанат да точат гориво откако Регулаторната комисија за енергетика буквално во 5 до 12 и без никаква најава ја намали нивната маржа за 33’%. Велат дека поради ова сега работат со загуби – набавната цена е повисока од продажната.

Компаниите се лути што власта минимално ја скратила акцизата односно ќарот што го има државата, а максимално удриле по нивното работење.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста