Мало намалување на акцизата, укинување на ДДВ за дел од храната – власта се пофали со сет од 26 мерки, дел веќе познати

Владата одбра комплициран модел за мининално намалување на акцизата, кое треба да ги намали давачките, но не гарантира поевтинување на бензинот. Владата донесе одлука за времено симнување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти, како и за кратење на акцизата. Иако опозицијата и бизнисмените бараа преполовување на акцизата која сега изнесува 15.5 до 22 денари по литар, властите одлучија да одат со намалување од само 1 до 4 денари кое ќе биде врзано со движењата на цената на сировата нафта на светските берзи – кога нафтата ќе биде поскапа, акцизата ќе биде пониска.

Новите мерки пресликани на денешните цени би значеле поевтин дизел за 10.7, а поевтин бензин за 11.5 денари. Сепак, за сето ова ќе бидат потребни и законски измени, па неизвесно е кога новите цени би стапиле во сила и дали навистина би биле пониски со оглед на тоа што Регулаторната комисија за енергетика ќе ги утврдува на дневна основа, а вредноста на енергенсите на светските берзи продолжува да расте.

  • Акцизата за горива ќе се намалува скалесто и ќе зависи од цената на нафтата на светските берзи, а цената ќе се одредува на дневно ниво намесно на неделно. Мерката ќе има директно влијание врз цената. Би се примениле акцизи намалени за 2 денари, дизелот наместо 85, 5 денари би се намалил за 10,5 денари и би изнесувал 75 денари. Бензин наместо 91,5 денари би се намалил околу 11,5 денари и би изнесувал 80 денари, објасни Ковачевски.

Ова се само дел од 26 мерки кои ги презентираше премиерот а кои државата ќе ја чинат 400 милиони евра и кои според него ќе придонесат за ублажување на последиците од економската криза.

Лебот, маслото, месото, јајцата, шеќерот, брашното и оризот ќе се продаваат без ДДВ, а се укинуваат царинските давачки за увоз на прехранбени производи.

Во сетот има и стари мерки кои власта ги претстави како нови. Повторно беше презентирано замрзнувањето на маржите на основните производи за исхрана, помошта од илјада денари која пензионерите ќе ја добијат во април, мај и јуни, субвенциите за парното греење, како и поддршката за сметките за струја за најсиромашните домаќинства.

  • По состанокот на Економскиот совет во понеделникот Владата на денешната седница го усвои пакетот мерки кој е поделен во две категории – мерки и препораки за заштита на животниот стандард на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите и мерки за Финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка. Пакетот мерки предвидува укинување на данокот од 5 отсто на основните прехранбени продукти – леб, брашно тип 400, млеко, месо, зејтин, шеќер, ориз и јајц. Замрзнатите маржи на осонвите продукти за исхрана остануваат освен за овошјето и зелечукот каде се одмрзнуваат и тргоците и производителите ќе може да ги покачат или намалат цените, вели премиерот.

Од Владата признаа дека ова ќе биде тешка година за сите. Премиерот презентирајќи го пакетот мерки рече дека буџетот е ликвиден и стабилен и може да ги финансира, а има и доволно стокови резерви, но повика на штедење и без непотребните трошоци на институциите, локалните самоуправи и јавните претпријатија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста