Нешковски, Младенов, Диво Насеље…: Ќе се избори ли власта со лажните редови во своите редови?

Ќе се избори ли власта со лажните вести во своите редови­? Ова прашање се поставува откако беше најавен владиниот проект за борба со т.н. фејк њуз, а токму премиерот Зоран Заев, досега многу пати бил извор токму на лажни вести. Со цел доаѓање на власт беше злоупотребена и болката на семејствата на децата убиени на Смилковско езеро. Се најавуваше некоја нова вистина која сепак на крајот ја нема.

-Големи сомневања се врзани за овој случај, тоа го објаснувам јас и во самото интервју, и секако со обелоденувањето на вистината за Смилковското езеро или проектот на Владата, Монструм, како што го нарекоа со кривичната пријава, ќе обелодени болна вистина, велеше Заев во минатото.

-Не ја знаат вистината, ни оние кои што се наводно виновни за овој процес, велам наводно затоа што и јас не верувам дека е така. И тие не веруваат, ја бараат вистината, трагаат по неа и оние кои што ги изгубија животите, односно сега нивните семејства, не веруваат дека тоа е така како што е претставено во јавноста, велеше Заев.

Сега пак неколку години подоцна, Заев вели немал плус информации.

-Ако имав информации во изминатите години ќе ги посочев. Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно. Преку читање на пресудите, достапни на тогаш 183 страни, секогаш сум давал одговор на новинарски прашања. Секогаш сум кажувал дека последниот збор е на правосудството. Тие ќе кажат што имаат во врска со случајот, вели сега Заев.

Во кампања се користеше и трагичната сообраќајна несреќа на новинарот Никола Младенов. Беше најавувана и таму нова вистина.

-Доказите кои што ќе ги објавиме денеска , јасно упатуваат дека постапката за смртта на Никола Младенов, случајно или намерно, власта на Никола Груевски ја водело непрофесионално, неодговорно со намерно прикривање на клучни информации од јавноста, изјави Заев.

Заев беше демантирам од сопругата на Младенов, Билјана Младенова.

-Значи вака, сознанијата кои јас ги имам, не ја менуваат претходната фактичка состојба, дека Никола загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина на условите на патот, изјави Младенова.

Покрај овие случаи Заев вистината ја извитоперуваше и за случајот Диво Насеље, но и за смртта на Мартин Нешковски. Како дел од проектот Вистината за Македонија, Заев објави монтиран аудио разговор, каде од контекст се вадат поранешниот премиер Никола Груевски и екс шефицата на МВР, Гордана Јанкулоска.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста