Арсовски: Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, призна кривично дело

“Кратко и јасно, Потпретседателот на СДСМ и Директор на Фондот за иновации, јавно без грам совест пред цела јавност на национален медиум ПРИЗНА КРИВИЧНО ДЕЛО И МИ РЕЧЕ “ИЗВИНИ”.
Повторувам, ПРИЗНА КРИВИЧНО ДЕЛО.” напиша Димса Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, над видеото што го објави во неговиот фејсбук статус.


Оттука, очекувам Јавното обвинителство да покрене случај, а Коста Петров да си даде оставка уште веднаш.
Прво не ги знае законите, второ овластувањата, трето не знам што бара таму. За дообјаснување на директорот, за ова негово “извини” Член 353-В / Став 2 и 3 вели дека е член каде со вакво јавно признание се оди во затвор од половина до 5 години, односно од 1 до 10 години, зависно од штетата што ја причинил.
А тоа, утре ќе видиме, заклучи Арсовски.

https://www.facebook.com/1263640805/posts/10224913554887149/?d=n
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста