Нема правна држава ниту независно судство – Наташа Димитриевска разочарана од одговорот на Советот на ЈО за сообраќајката кај млечен

Немаме правна држава, а во судството сите се штитат меѓу себе-не стивнуваат разочарувањата во битката за правда на Наташа Димитриевска од Тетово, која пред две години, во сообраќајка во Скопје, ги загуби сопругот и нероденото дете, а виновникот доби само условна казна.И Наташа сеуште се опоравува од тешките последици од сообраќајката.Деновив  повторно имала операција на ногата,но, вчера само што излегла од болница добила уште една лоша вест- известување дека Вишото јавно обвинителство не видело пропусти во работењето на Јавниот обвинител, на што Наташа реагираше по пресудата.Во обвинението бил изоставен доказот за нејзината загуба на плодот, имало грешки во записникот на СВР, пробиени биле законски рокови на постапката-но, и покрај ова се, нејасно и е зошто и кој ја штити обвинителката.“Која е обвинителката, која е Снежана, кој стои позади неа и ја штити..Дали е тоа обвинетиот или некои други лица?Не верувам во правда во Македонија,ниту во судството и во ЈО..потребно е да се изврши одредено прочистување на кадрите.Јавно ќе проговорам за прв пат, дека политичкиот удел е голем при изборот на кандидати, кои станале судии или јавни обвинители.” – вели Наташа Димитриевска.

Незадоволна од пресудата и текот на судската постапка, Наташа со последни сили ќе се бори до крај во надеж дека ќе ја добие правдата-иако се сомнева дека ќе успее.Таа не доби правда ниту за смртта на нејзиниот татко, кој почина од компликации на коронавирусот, кој го доби во болницата во Козле-случај кој отвори многу прашања и привремено стави клуч на заводот, откако бројни вработени испаднаа позитивни.И за овој случај се жалеше на здравствени пропусти, но, доби одговор-дека нема никаква вина.

По мое барање известена сум дека не е најден никаков пропуст при работењето на овој центар во Козле.Навистина татко ми таму го доби вирусот , а потоа ни го пренесе и нас, но тоа не е страшно што ние бевме позитивни, туку страшно е што татко ми почина.” -вели Наташа Димитриевска.

Инаку, кобната сообраќајка се случи на 12 окотмври 2018 година, на булеварот Теодосиј Гологанов во Скопје.Наташа со сопругот се возеле на мотор, кога одеднаш џип преминал преку две полни линии вртејќи во забранет правец пресечувајќи им го патот.Сопругот Гоце загинал на лице место, Наташа го загубила плодот и сеуште се бори со тешките телесни повреди.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста