Димитриевски за навредите од Шилегов: Не коментирам промискуитетни изјави, реализирам проекти за Куманово

Откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов синоќа на гостување во една од телевизиите, го нарече неговиот колега од Куманово Максим Димитриевски, неспособен и лицемерен.

На прашање на Алфа како ќе ја искоментира ваквата квалификација, Димитриевски одговори:

–  Немам време да коментирам такви промискуитетни ставови, посветен сум на реализација на проекти за подобрување за инфрасатруктурата во Куманово, рече Димитриевски за Алфа.   

Колку за потсетување, Димитриевски е против менувањето и отстранувањето на таблике во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста