Николоски: Зоран Заев ќе ги менува непослушните членови на историската комисија, ќе назначи свои “играчи” ?!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, вели дека Зоран Заев правел притисоци врз одредени членови на историската комисија, односно на оние кои што не сакале да играат по неговите правила, па поради тоа ги маргинализирал.

Исто така, се шират гласини дека Зоран Заев веќе ги компромитирал поголемиот дел од нив и им спрема заменски решенија, со што ќе се доведе во позиција да можат да преговарат во полза на барањата на Зоран Заев, односно да потпишуваат работи кои нивните претходници не сакаат да ги потпишат, вели Николоски и додава дека:


Тоа самото по себе доволно говори за ситуацијата во која се наоѓа Зоран Заев, како и оганот кој му гори под нозе. Доколку сето ова се оствари, јасно ќе биде дека Зоран Заев управува со членовите на историската комисија, односно наместо историчари, членовите на комисијата се негови соработници во распродажбата на националниот идентитет, заврши Николоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста