Нема компромис за законот за ЈО кој амнестира криминал

Не постои притисок кој што ќе ме натера на против уставен, нереформски и неевропски закон да подржам ниту како човек ниту пак како лидер на опозиција. Христијан Мицкоски е спремен за преговори околу законот за јавно обвинителство но нема да прави никакви компромиси.

На денешната прес-конференција ја обвини власта дека нејзиниот фокус е на опструкции и кочења на нов квалитетен Закон за јавно обвинителство. Тој истакна дека квалитетен закон за обвинителство би значело дека Заев и како што рече неговата екипа ќе треба да одговараат и да се докажуваат низ една транспарентна и законита постапка за сите обвинувања за криминал и афери. Мицкоски изнесе неколку забелешки на предлог – законот, а истите ги воочиле со тимот од експерти што го консултирале.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев со вообичаената реторика без конкретен став за забелешките на ВМРО-ДПМНЕ околу законот за јавно обвинителство. Со добро познатата фраза која ја повторува подолго време за наводна релација Скопје – Будимпешта во донесувањето на одлуките во опозициската партија.

Мицкоски денеска порача дека сите оние кои се околу претседателот на СДСМ, кога ќе носат какви било одлуки секогаш да се присетат на сликата со „качулката и лисиците“ алудирајќи на видеото кога поранешната специјална обвинителка Катица Јанева од Шутка ја спроведоа во куќен притвор. Мицкоски рече дека Заев има систем на создавање слуги односно уценува луѓе со наместени судски процеси, па затоа му е потребен таков неуставен закон.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста