Надлежните продолжуваат да уверуваат дека не се увезува опасен отпад

Шилегов потврдува дека увезуваме отпад од други држави, ама тој не бил опасен туку само оној кој се користел за индустриски цели.Според градоначалникот, најголемиот дел од отпадот го увезува фирмата Макстил.

„Не станува збор за отпад кој што се депонира туку за отпад кој што се корист во индустриски цели, како најголем увозник се јавува „Макстил“ а како предмет на увоз е железо“, изјави Петре Шилегов.

Претходно Радио слободна Европа објави статистички податоци кои покажуваат дека за само две години во Македонија се увезени 7 милиони тони отпад од Бугарија.

Ова дојде после информацијата дека депонијата Дрисла се најде под лупа на бугарските власти под сомнение дека заедно со бугарско претпријатие учествувала во увоз на опасен отпад од Италија.

Пред само неколку дена се најде во рацете на град Скопје, а директорот беше разрешен.

Од движењето за чист воздух пак уверуваат дека со оглед на нашите способности за согорување секој отпадот е штетен за нас.

„Ако ние немаме преработувачки центри, ако немаме индустрија со соодветни филтри или се гори тој отпад кога има пониски температури а се работи повеќе од дозволеното тогаш секако дека се одразува на квалитетот на воздухот и животната средина“, изјави Марјан Ненов од движење за чист воздух.

И техничкиот премиер уверува дека не се увезувало штетен отпад. Граѓаните се гушат на средина: од една страна зошто сме присутни во медиумите и не престануваат скандалозните вести, а од друга постојаните уверувања од надлежните дека нема причина за грижа.

За сега е јасно само дека земјава е на врвот на светските листи по црниот воздух.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста