Наставничката Станинова за Алфа: Институциите доцнат со плановите и стратегиите за старт на учебната година

Планови и размислувања има, но не и стратегија за претстојната учебна година. Институциите доцнат,  учениците и професорите трпат – вели за Алфа наставничката по македонски јазик, Анита Станинова Мирчева.

“Се доцни со овие работи, требаше од Март веднаш да се започнат некакви подготовки, но со оглед на тоа да знаеме каде сме и на што сме..мораме да размислуваме на што сега – што понатаму за да не се враќаме назад ?” –  тврди наставничката Анита Станинова Мирчева.

Преголем ли е ризикот ако се вратат децата во клупите или пак наставата да се одвива по далечински пат? Станинова  Мирчева вели дека треба да се послужиме со искуствата од европските земји. Според неа, комбинирана настава  би било добро решение.

“Една недела одат на училиште со физичко присуство , другата недела се со онлајн настава со тоа што се врши размена на децата. Значи наставниот си е контиунирано во училиште а се прави само ротација на учениците со цел да има помал број деца во училниците.” – изјави  Станинова Мирчева.

Работата на наставниците и на учениците е во училниците, децидна е наставничката  Станинова Мирчева, но прашува дали државата е подготвена во време на епидемија,  да им гарантира заштита на здравјето на учениците ,  наставниците, и на целиот кадар во училиштата.

“Ризикот е голем доколку би дошле на училиште сите тоа го знаеме. Дека тие се сепак деца, колку и да се внимава нашите училници се толкави.Значи не би можеле сите ученици да бидат сите заедно.”- вели наставничката Станинова Мирчева.

Се поизвесен е почетокот на учебната година со физичко присуство на учениците.Одлуката, според најавите на надлежните, ќе се официјализира следната недела односно само десетина дена пред стартот на школската година. Деца со маски, скратени часови, засилено сменско работење, посебни хигиенски услови. – ова се дел од прелиминарните протоколи кои родителите и просветните работници се уште имаат дилеми.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста