Наместо да се заштити и промовира, на тетовското јаболко му се заканува да исчезне

Богат род и врвен квалитет,но сето ова е залудно за тетовските јаболкопроизводители.Бербата на јаболки е во тек,но,без добра откупна цена и  пласман, познатиот тетовски бренд скапува. Интересот за одгледување јаболка постојано опаѓа, насадите секоја година,се повеќе се корнат.

-70-80% сите ги извадија јаболката, поради продажбата.И јас сум неколку пати оштетен, од државата немаме помош никаква, изјави ДРАГОЉУБ ЗАФИРОСКИ, јаболкопроизводител

За враќање на интересот за одгледување јаболка може да помогне државата со поголема поддршка,оти овој бизнис бара многу време, пари и посветување.Драгољуб со ова се занимава повеќе од три децении,а половина од насадите веќе ги искорнал.Реагира што државата повеќе го фаворизира ресенското јаболко,кое според него,е со далеку послаб квалитет од тетовското.

-За Ресен е мајка, за Тетово маќеа,слободно можам да кажам, поддршка немаме ние, а по квалитет нашето јаболко е подоббро и посочно, дополнува Зафировски

Наместо да се заштити и промовира, за да се најде и на трпезите ширум светот,со годините,тетовското јаболко,го има се помалку.

-На тетовското јаболко, познатиот и препознатлив бренд, му се заканува целосно да исчезне, доколку и понатаму продолжува негрижата на државата.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста