Унгарските цркви повикуваат на мир во Нагорно – Карабах

Унгарската католичка црква и Екуменскиот совет на унгарските цркви,  повикаа на мирно решавање на вооружениот конфликт во Нагорно Карабах.. Тие  издадоа заедничко соопштение, во кое се вели, дека со жалење ја примиле веста, дека на 8 октомври, азербејџанските сили, сериозно ја оштетиле катедралата „Светиот Спасител“ во градот Шуша, и  дека ја споделувааат болката со нивните браќа – ерменски христијани..

Во соопштението на унгарските црковни организации се додава, дека нападот, може сериозно да придонесе за ескалација на вооружениот конфликт, кој се чини ,дека е повеќе религиозен и етнички ..

Тие апелираа до верските водачи, христијаните и муслиманите, барајќи од нив – да вложат максимални напори за спречување на понатамошно уништување, за завршување на вооружената борба, и изнаоѓање на  мирно решение на конфликтот.

Маја Терзиова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста